Го собрале од "Александар Велики" - скопјанец доживеал шок

Во 11 часот и 30 минути 31-годишниот В.К. од селото Огњанци ,скопско, пријавил дека пред два дена околу 4 часот по полноќ, Б.Б. и уште едно непознато лице го ограбиле. Според податоците од полицијата откако тој слетал од Италија на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје го пречекала Б.Б. и непознатото лице кои му се понудиле да го однесат до селото, а откако тргнале со „Алфа ромео“ со белгиски национални ознаки, на барање на В.К. застанале да купи цигари. Кога излегол се одалечиле во непознат правец. На В.К. во возилото му останал куферот со лични работи, во кој имало и мала торбичка во која, како што раскажува  имал 5.000 евра и лични документи. 

Полциијата работи на случајот.

 
 
25.03.2016 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега