Сите билети за финалето на ЕХФ купот се распродадени: РК Алкалоид пред полни трибини по европска титула
Ракометната јавност во Македонија со нетрпение ја очекува недела, кога РК Алкалоид го игра својот историски реванш финален дуел од Европскиот куп против грчкиот АЕК. Откако од Атина се вратија со предност од првиот меч, сега задачата е да се заврши на домашен терен и момците на Кирил Лазаров да го победат противникот пред полна сала.
РК Алкалоид предмалку објави дека сите билети за овој дуел се распродадени, што значи дека салата „Борис Трајковски“ во недела, со почеток во 20:30 часот, ќе биде исполнета до последно место.
Ова беше и голема желба на клубот – салата да биде до врв полна со навивачи кои ќе ги бодрат младите ракометари до историски успех и европска титула.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа