Внимавајте: Грчката полиција засилено ќе казнува сообраќајни прекршоци - казните ќе доаѓаат и на адреси во Македонија

 

Ако патувате до Грција ова лето и не ги почитувате правилата, подгответе се за високи казни. На патиштата има повеќе полицајци и камери, а првата е по Евзони пред исклучокот за Солун, рутата што често ја користат македонските туристи.

Во пресрет на туритичката сезона ви ги објавуваме сообраќајните казни во Грција

Возење под дејство на алкохол – од 78 до 1.200 евра
Пречекорување на дозволената брзина во населено место до 20 км/ч – 100 евра
Минување на црвено светло на семафор и престигнување по целата линија – 700 евра
Неносење сигурносен појас – 350 евра
Непрописно паркирање – од 40 до 80 евра
Користење мобилен телефон додека возите – 100 евра
Пушење во возило ако во него има дете под 12 години – 1.500 евра и одземање на возачка дозвола.

За разлика од порано, во Грција повеќе не постои можност да ја платите казната во половина износ во рок од 10 дена. И не се надевајте дека ќе поминете неказнети – ако информацијата уште не стигнала до граничниот премин, тоа не значи дека сте „чисти“.

 

„Казната може да не ви биде пратена дома, но ќе ве чека при следен влез во земјата. Ако не е застарена, мора да ја платите. Постојат регистри во рамките на ЕУ и можно е да бидете казнети во која било земја“, пишува Никана.

21.05.2025 - 12:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега