Крвав викенд во Скопје: Четири лица загинаа, 31 повредени

Во текот на  викендот во Скопје се случиле 31 сообраќајна незгода, во кои се повредени 31 лице, а четири лица за жал го загубиле животот.

Сообраќајната полиција  во петокот изврши увид на 11 сообраќајни незгоди. Од нив днве поминале со материјална штета, додека во шест девет лица се здобиле со повреди. Со тешки повреди се здобиле и еден пешак, еден возач на мопед и еден патника во автобус.

Во петокот се случила и железничка незгода во 7 часот и 20 минути на железничката пруга Скопје – Кичево, во атарот на село Бардовци, поточно на мостот на реката Лепенец. Воз удрл во пешак кој за жал починал на лице место поради сериозноста на повредите.

Во саботата пак, извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со материјална штета, во четири со полесни повреди се здобиле 12 лица.

Се случила и една незгода која го потресе Скопје. Во 17 часот на улицата „Христо Татарчев“, пред Основното Училиште „Круме Кепески“, патничко моторно возило „рено“ и автобус се судриле, при што возачот и сопатникот во патничкото моторно возило им подлегнале на повредите на лице место, а со телесни повреди се здобиле пет патници во автобусот.

Се случила и една железничка незгода во 15 часот и 15 минути на патниот премин село Драчево, каде улицата „Сердарот“ се спојува со улицата „Иван Хаџиниколов“. Учествувале патничко моторно возило „фиат панда“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и електро моторна гарнитура на Македонски железници. По незгодата возачот на патничкото моторно возило со друго возило бил пренесен во поликлиниката во Драчево каде истиот им подлегнал на повредите.

На 27 март, недела, сообраќајната полиција извршила увид на вкупно девет сообраќајни незгоди, од кои седум се со последици материјална штета,  една е со последица телесна повреда, а со полесни повреди се здобило едно лице.

Се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 62 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 36 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, седум возачи поминале на црвено светло на семафор, и 26 возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 99 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај. 

 
 
28.03.2016 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега