Две лица тешко повредени во сооракајка кај Кавадарци

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која попладнево се случи на влезот во кавадаречкото село Раец.

Портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска рече дека во несреќата што се случила на магистралниот пат Градско-Прилеп учествувале две патнички моторни возила и оти засега не можат да кажат повеќе детали.

Од Службата за итна медицинска помош во Кавадарци информираат дека две повредени лица во сообраќајната несреќа биле однесени во Општата болница во Кавадарци каде им се санираат повредите.

 
 
28.03.2016 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега