Од автомобилот нема ништо: Пожарникари го ваделе телото на загинатиот велешанец

Таксист од Велес загина во страшна сообраќајна несреќа откако со автомобилот удри во камион. Возачот на „шевролет матиз“ со велешки регистарски таблички, починал на самото место од сериозноста на здобиените повреди. 

– Такси-возилото возеше од правец на Топилница кон градот, а камионот од Велес вртеше лево кон УЗУС. Не можам да претпоставам како возачот на автомобилот не виде толкав камион, само се удри директно во него. Од силината на ударот, возилото се изврте за 360 степени, дојде паралелно со камионот,  вели очевидец на сообраќајката.

Повеќе фотки на ТЕЛЕГРАФ.

 
 
29.03.2016 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега