„СКОПЈЕ СЕ СМЕЕ“- дневна и ноќна забава утре на скопскиот плоштад

Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје, утре во 11 часот на Плоштад Македонија, за сите училишта, градинки и деца на град Скопје, традиционално ја организираат Манифестацијата „Априлијада“-Скопје се смее.

На плоштадот ќе биде присутен и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Во дневниот дел од забавата со маски, ќе  учествуваат многу кловнови, ќе има балони, песнички, игри, забава со секцијата за модерен балет и фолклорната секција на ДКЦ “КАРПОШ“, децата од Златно славејче и танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.

Ноќната забава ќе почне во 21 часот, на Плоштад Македонија ќе настапат: Пиреја –Етно бенд, Коста Костовски, Кристина Арнаудова,Сашо Гигов –Гиш, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу, Биљана Дабеска, Групата – THE NOISE MAKERS, маскирани посетители ќе продефилираат на сцената, ќе има и други изненадувања, да не откриваме се, а за крај Диџеј.

 

 
 
31.03.2016 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега