Инвестиции и нови работни места: Македонија – излегува од сенката на Балканот

Политичките превирања во изминатите дванаесет месеци не ги обесхрабрија странските инвеститори. Меѓу нив се американски Капкон и италијански Витило груп. Во декември 2015 година, американскиот производител на инфлатори и воздушни перничиња, започна со производство во “AРЦ Аутомотив“, компанија која е лоцирана во Слободна економска зона во Скопје. Ова е петта глобална фабрика на компанијата и единствена во Европа, пишува Лидер.мк.

Вредноста на оваа инвестиција е проценета на 17 милиони евра. Компанијата во моментов вработува 100 лица, но планира да го зголеми бројот на 500 во текот на следните три години. Ова го пишува специјализиранто списание “Emerging Europe“ кое е публикација на Business Emerging Europe, со седиште во Лондон. Магазинот пишува за економијата, инвестициите и туризмот за земјите од Источна Европа. Во текстот наменет за Македонија, магазинот ги пренесува искуствата на странските инвеститори, но и разговара со функционерите кои се задолжени за привлекување странски инвестиции, пренесува Лидер.мк.

Долгорочна визија

Во февруари 2016 година, италијанскиот Витило груп започна со втората фаза на своите инвестиции во производството на хидраулични делови со висок притисок и оклопни гумени црева, во слободна економска зона во Скопје, како и ги објави плановите за понатамошно проширување во 2017 година. По завршувањето на ова проширување, вредноста на вкупните инвестиции на компанијата во Македонија ќе достигне 30 милиони евра и ќе создаде 300 работни места.

“Витило груп“ одлучи да инвестира во земјата, по втор пат, заради своите позитивни искуства, но исто така, и пред се ‘поради, долгорочната одржливост на целите на македонската Влада”, вели Антонио Витило, извршен директор на групата.

Овие долгорочни цели биле зацртани пред една деценија. Тогаш економијата беше рангирана на 81-то место во Извештајот за Светската банка Дуинг бизнис во 2006 година и имаше БДП по глава на жител од околу € 2.431, стапка на невработеност од 36 отсто и население од нешто повеќе од два милиони луѓе.

-За нас одржливоста е многу важна. Со други зборови, не е доволно да се привлече еден инвеститор, ако тој не е среќен, тоа ќе се одрази на идните инвестиции. Ако инвеститорот е среќен ќе остане, тие ќе инвестираат повеќе и всушност, тоа е што ние го бараме. Приоритет на Владата е да се елиминираат непотребните процедури или барем да се намали нивниот број, изјави Владимир Пешевски, македонскиот вицепремиер за економски прашања.

Глобален успех

Како резултат на тоа, во последниот Извештај за бизнисот на Светската банка, Македонија е рангирана на 12-то место на глобално ниво и на шестото место во Европа, пред гиганти на Стариот континент, како што се Германија, Франција и Шпанија.

Владата, исто така инвестира во инфраструктурата, со три автопати во фаза на изградба. Се изгради нов аеродром аеродромот кој сега имаше повеќе од 1,5 милиони патници во 2015 година. Во март 2016 година,аеродромот беше прогласен за најдобар европски аеродром за квалитетот на услугите.

“Македонија продолжува да ги развива своите слободни економски зони. Виктор Мизо, директор на ТИРЗ вели дека седум зони ќе бидат оперативни во рок од првата половина на оваа година, веднаш штом ќе ги имаат своите први инвеститори. Ни треба најмалку еден инвеститор, а потоа зоната да може да работи како самостојна зона. Ако немаме потстанар, ние не ќе бидеме во можност да ги распределиме сите средства кои се потребни за да ја поставиме инфраструктура однапред. Во суштина имаме фиксен буџет и се алоцираат средствата врз основа на потребите на инвеститорите, оние кои го направија нивните инвестициски одлуки “, вели Мизо.

Целта на Владата е да се обезбеди стабилно снабдување со висок квалитет на работна сила. “Заедно со другите реформи, ние веруваме дека подобрувањето на образованието е многу важно, така што Македонија има многу висок процент од БДП наменет за образование”, вели Пешевски.

“Се воведе задолжително втор јазик, од првиот ден во прво одделение па се до средно училиште. Потоа, кога младите одат на универзитет, мора да учат странски јазик две години”, вели Горан Мицковски, министерот за странски инвестиции.

Достапноста на работната сила

“90 отсто од младите во моментов се запишуваат на универзитет. Така 96,5 отсто од нашите матуранти знаат англиски јазик, во текот на различни нивоа, односно тие можат да го зборуваат. Правиме и диверзификација на други јазици, на пример, германски и шпански. Инвеститорите го ценат тоа. Тие од тука ги поставуваат вработените задолжени за операциите како менаџери во фабриките, бидејќи знаат странски јазици и имаат искуство”, изјави Мицевски.

Македонија има квалификувана работна сила, а тоа беше една од причините за инвестиции на Ван Хол. Овој белгискиот производител на автобуси, разгледуваше голем број на локации низ Централна и Источна Европа, пред да ја избере Македонија.

“Мислам дека тука има голема понуда на инженери, за големината на земјата. Сакавме да се најдеме земја која има ниски трошоци за работна сила. Покрај тоа, кога Македонија се уште беше дел од Југославија веќе имаше голема индустрија за производство на речиси 1.000 автобуси годишно. Тоа значи дека има квалификувана работна сила,знаењето и традицијата беа тука. Ова не беше исто за другите локации. Згора на тоа, за социјалните придонеси, кои се задолжителни за работодавачите, се меѓу најниските во регионот. Зборувам за пензии и даноци “, вели Аврам Стојчевски, директор во Ван Хол Македонија.

Вања Стојановски, директор на фабриката на “АРЦ аутомотив“ вели дека неговите вработени во компанијата заработуваат помеѓу € 250 и € 300 месечно, во просек. “Тие се оператори кои се во директен контакт со производот. Луѓето кои го поддржуваат процесот на производство имаат повисоки плати, кои се движат од € 300 до € 500 евра месечно. Тоа исто така зависи од специфични вештини што треба. Понекогаш, ако треба луѓе со одредени вештини кои не може да се најдат тука лесно, ние ќе започнеме процес на преговори “, изјави Стојановски.

Испорачани ветувања

Странските инвеститори со кои разговараше “Emerging Europe“ едногласно се согласија дека тие го вреднуваат пристапот и помошта на Владата во процесот на инвестирање.

“Сопствениците на Ван Хол се задоволни со тоа како проактивна беше Владата, кога се дискутираше за пакетот на стимулации, пред тие да одлучат да започнат со работа. Тие навистина ја ценат и достапноста на владата “, вели Стојчевски од Ван Хол.

Мизо вели дека неговата најважна задача не е само да се привлечат компаниите.

“Ние не создаваме само розова слика, туку ние работиме да се исполнат реалните очекувања. Дури и во Сингапур, не е сè совршно, дури и во Сингапур има некои проблеми, а тие се број еден во Дуинг бизнис. За секој проблем што една компанија го има, ние се обидуваме да предложиме решение, или барем да објасниме зошто некои работи можат или или не може да се прилагодат”, додаде г-дин Мизо.

Тоа е причината зошто ТИРЗ има Одбор на директори, составен од претставници на кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Министерството за економија, Министерството за финансии и Министерството за транспорт и врски, како и три инвеститори , кои се менуваат на секои две години, кои имаат влијание ако е потребно да се направат промени. Тогаш овие промени се пренесуваат на Економскиот совет со кој претседава премиерот.

“Се среќаваме на секои два месеци и гледаме дали има проблеми. Со Владата и владините институции од една страна на масата и сите компании од друга страна, ние одиме по ставки, во обид за решавање на проблеми или прашања и да одлучиме дали има решение. Промена на правила, прописи, закони или подзаконски акти не само што се случува за да им се помогне на инвеститорите, туку и на сите локални компании, исто така, “вели Мизо.

целиот текст прочитајте го на Лидер.мк

 
 
02.04.2016 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега