Крвав настан во Македонија: Осумгодишно дете повредено со оружје

Дете на возраст од 8 години е повредено со оружје  во селото Бегниште, Кавадаречко,  оваа  информација ја потврди портапролот на СВР Велес Анита Стојковска.

- Во 12 часот и 30 минути во полициската станица од општа надлежност во Кавадарци, било пријавено од страна на доктор во Итна медицинска помош, дека во кавадаречкото село Бегниште има повредено дете родено 2007 година и дека повредата е од оружје, кажа портпаролката.  

Увидни екипи од полициската станица од општа надлежност Кавадарци  врши увид на местото на несреќата.

Според доктор Дано Кулев, началник на хируршкото одделение при општата болница во Кавадарци, станува збор за повреда со сачма од воздушна пушка.

- Според првичните сонанија до кои дојдовме како медицински лица, детето си играло и во еден момент кога се завртело со главата, почувствувало јака болка во пределот над левата ушна школка. Почувствувало исто така и крварење и веднаш со брза помош беше донесено во нашата болница. Веднаш ја извадивме сачмата од неговото тело, кажа Кулев кој е специјалист по хирургија.

Тој информираше дека на детето  веднаш му била укажана прва медицинска помош, му била соодветно третирана раната, ја добило потребната  терапија и се наоѓа вон  животна опасност.

 
 
02.04.2016 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега