Полицијата ги пребара гробиштата и куќите - драматична потрага по пејачката на Гранд

Пејачката на народна музика Јелена Крсмановиќ (33) исчезна вчера околу 16 часот во населбата Црвенка. Српската полицијата интензивно трага по неа.

Полицијата синоќа ја интензивираше потрагата по пејачката. Со помош на кучиња пребарани се гробиштата во близина, а потрагата продолжила во напуштените куќи.

Како што наведува семејството, таа околу 15 часот заминала да трча но не се вратила. Пред тоа била со сопругот и ќерката.

-Доаѓаме тука речиси секој ден за таа да трча. Автомобилот го паркираме на првата рампа, па јас со ќеркатана ливадата покрај патеката си играм. За тоа време таа оди до следната рампа и се враќа назад. Денес ние тргнавне кон неа, но во еден момент ја изгубивме од вид и после ја немаше, вознемирено раскажува сопругот.

Јелена и се јавила на нејзината мајка кога била на половина на патеката.

-Мајка и е болна, пред неколку дена излезе од болница, па и се јавила на телефон додека трчала. Како што ми кажа мајка и и рекла дека ќе истрча и ќе и донесе дома храна, вели Зоран кој додава дека нејзиниот телефон се уште е вклучен и дека полицијата би можела да го лоцира, но чекаат да поминат 24 часа.

Пред исчезнување, како што вели нејзиниот сопруг, таа била расположена и насмеана и воопштво не мисли дека кренала рака на себе.

 
 
03.04.2016 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега