Петгодишниот син го праша Александар каде е мама: Убиецот на тоа...

Мирјана Микиќ од Градишка која нејзиниот сопруг Александар ја задави додека спиеше, беше испратена во вечното живеалиште пред два дена. Осомничениот по убиството неколку часа бил до својата сопруга, си седел и пушел цигари.

Мотивот за страшниот злочин не е сеуште откриен, а обдукцијата покажала дека жената била брутално задавена, за што говорат и трагите од нокти на нејзиниот врат. Убиството се случи во вторникот околу 4 часот наутро во нивниот стан.

Инаку, убиецот во последно време имал проблеми, а меѓу нив се спомнуваат алкохол, коцкање...По убиството неговото синче го прашало каде е мама, а монструмот кој седел и пушел цигари не му одговорил, седел и молчел.

За крај, тој отишол кај соседите им го дал синчето иим рекол чувајте го, секој што бараше тоа доби. Потоа сам се предал во полиција.

 
 
03.04.2016 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега