НОВИ ДЕТАЛИ: Пејачката била удирана по главата до смрт

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ потврди дека е пронајдено телото на пејачката Ј.К. (33) која исчезна во саботата во Борча, на насипот во Црвенка.

Тој на новинарите на манифестацијата „Полицаец во заедницата“, соопшти дека всушност добил таква информации, и дека деталите ќе бидат соопштени во текот на денот.

Според сознанијата првите резултати од истрагата покажуваат дека Јелена била убиена. Врз телото и главата имала видливи повреди нанесени со тап предмет.

Телото ќе биде однесено на обдукција за да се утврди причината за смртта и дали жртвата била силувана. Полицијата интензивно работи на сите околности на убиството и идентификација на лицето кое го направила злосторството.

Телото на исчезнатата пејачка е пронајдено на Палилула. Во потрагата по неа беа вклучени повеќе припадници на белградската полиција, како и кучиња трагачи.

Како што дознава српски Курир, недалеку од местото каде исчезнала Јелена се пронајдени нејзините патики, шнола за кола и траги од крв.

 

 
 
03.04.2016 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега