Груевски: Девет милиони евра субвенции за земјоделците од Преспа, за овоштарите 7,3 милиони

Земјоделците во Преспанскиот регион во последните години имаат добиено девет милиони евра субвенции. Само за овоштарите се исплатени 7,3 милиони евра, а од декември лани до денес на овоштарите во земјава им се исплатени 4,3 милиони евра.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при денешната посета во Ресен, при што истакна дека процесот и натаму тече и дека државата води грижа за луѓето кои одгледуваат и имаат овошни насади, за луѓето што се занимаваат и живеат од овие култури и дека тоа ќе продолжи и во иднина.

- Покрај исплатата за лица кои имаат овошни насади, веќе оваа недела се очекува во трезорот на Министерството за финансии да пристигнат исплатите за тутунот, што е предаден после 16-ти јануари. При крајот на оваа недела и на почетокот од следната ќе започне исплата на 500 милиони денари за тутунарите за нивниот род, односно предадениот тутун по 16-ти јануари, најави Груевски. 

 
 
04.04.2016 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега