Скопјанец осиромаши преку ноќ - крадците не запираат

Две тешки кражби од кои едната во Скопје, а другата во тетовско биле извршени во изминатото деноноќие.

Според податоците од полицијата, во периодот од 15 часот и 30 минути, до 15 часот и 45 минути  во Скопје на улицата „Хо Ши Мин“, во семејната куќа на 33-годишниот Џ.С. непознат сторител извршил тешка кражба. Крадецот со погоден предмет ја отворил балконската врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 10.000 евра, плеј стејшн и компјутер, а потоа го напуштил местото. Така, се стекнал со 660.000 денари.

   Во вториот случај, како што информираат од МВР, во период од 20 часот и 15 минути до 21 часот и 15 минути во куќа во селото Одри во тетовско, 52-годишниот А.С. бил ограбен од непознати сторители. Тие насилно влегле внатре и по извршеното пребарување одзеле разновиден златен накит по што го напуштиле местото. Со тоа се стекнале со противправна имотна корист од околу 447.00 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 
 
05.04.2016 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега