Спасески денеска ја посети Спортската Академија
По повод одбележувањето на 6 Април – Светскиот ден на спортот, здравјето и мирот, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска ја посети Спортската Академија, каде заедно со директорот на институцијата Дејан Јовановски присуствуваа на наставата на академците во кошарка.
– Дозволете ми најпрвин да ја искористам приликата и на сите спортисти и спортски работници во Република Македонија да им го честитам денешниот ден – 6 Април, кој со Резолуција на ОН во 2013 година беше прогласен за Меѓународен ден на спортот, и да им посакам успешни резултати, а на сите граѓани на Република Македонија да им порачам повеќе да рекреираат и спортуваат, бидејќи спортот не учи на вистинските вредности во животот, како што се истрајноста, фер-плејот и почитувањето на противникот, вредности кои особено денеска се многу потребни на сите чинители во нашето општество, истакна Спасески.
Тој разговараше со кошаркарите од спортската академија за условите, наставниот кадар и квалитетот на наставниот програм. Негова, а секако и надеж на сите инволвирани во проектот спортска академија е дека ќе биде создаден квалитетен кадар кој еден ден гордо ќе го носи репрезентативниот дрес.
На настанот беа презентирани дел од спортските вештини на младите надежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа