ТЕЛМА: Собранието ќе се распушти на полноќ, оставките на министрите на СДСМ Парламентот нема да ги констатира

 

Претседателот на Собранието Трајко Вељановски нема да свика седница за да бидат констатирани оставките на министрите на СДСМ, изјави за Телма извор од ДУИ. Според истиот извор на полноќ Собранието ќе биде распуштено без седница  и автоматки продолжува мандатот на Владата во чиј состав е и СДСМ, пренесе телевизијата.

Кога ќе бидат распишани изборите зависи од вољата на претседателот на Собранието Трајко Вељановски кој има рок тоа дека направи до 15 ти април. Тој во интервју вчера изјави дека наместо на 7. април одлуката за  распишувањето и  одржувањето на изборите на петти јуни, да се одложи до 15 април.

- Како претседател на Собранието на Република Македонија, условно, можам да тактизирам наместо на седми април до петнаесети април да го потпишам решението за распишување и оддржување на изборите на петти јуни, за да и дадам можност на ДИК за продолжување, условно, на некои работи доколку евентуално не се завршени, изјави Вељановски.

Спортед неговата најава причината е да излезе во пресрет на ДИК во делот на избирачкиот список, бидејќи многу активности во ДИК за време на спроведувањето на изборите зависат од денот на потпишување на решението за распишување на избори од страна на претседателот на Собранието.

- Јас по распуштањето на Собранието ќе разговарам со претседателот на ДИК и ќе му ја дадам таа опција за да може да имаат уште повеќе време за да ги дозавршат работите што би требало,  рече Вељаноски.

Со оваа одлука на Вељановски би се одложил целиот процес за една недела, а за тоа време надлежните институции треба конечно да се изјаснат дали целосно се исполнети условите за 5 јуни.

Опозициската СДСМ за сега нема став дали ќе бара  одложување на изборите .

Што се однесува до избиорачкиот список извори за Телма велат дека многу е битно дали Избирачкиот список ќе биде изгласан или не. Доколку е изгласан од мнозинството членови на ДИК а претседателот на ДИК не сака да го потпише тој сепак е валиден и можно е заменикот да го потпише.  

Не постојат законски и уставни можности да биде свикана седница на Собранието откако тоа ќе биде распуштено на полноќ. Уставот предвидуава дека тоа може да се стори само во вонредна и воена состојба.   

 
 
06.04.2016 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега