Вајгл: Бојкотот на Заев е сериозен удар врз демократијата и европската иднина на Македонија

 

Одлуката на македонската водечка опозициона партија СДСМ да не учествува на предвремените парламентарни избори на 5-ти јуни може да претставува сериозен удар не само на процесот на демократизација на земјата, но и на нејзината стабилност и Европска однина во целина, вели европратеникот и специјален известувач за Македонија, Иво Вајгл.

– Обвиненијата за неправилности, недостигот на транспарентот и одложувањето на имплементирањето на Договорот од Пржино треба сериозно да се разгледаат – оцени Вајгл.

Европратеникот сепак додава дека не е доцна за да се создадат услови, кои ќе овозможат сите да учествуваат на изборите закажани за 5 јуни.

– Без разлика, се уште има доволно време за да се имплементираат некои од важните реформи и мерки со цел да се исполнат барањата на сите учесници во изборниот процес и за да се однесе земјата во понапредно ниво на демократија – рече Вајгл.

Специјалниот известувач оцени дека последните настани во земјата сериозно ја загрозуваат евроатлантската иднина.

– Европската комисија и Европскиот парламент, заедно со претставниците на САД вложија големи напори за да осигураат дека претстојните избори ќе и дадат шанса на земјата за нов почеток на патот кон евроатлантските интеграции. Оваа шанса сега може да биде пропуштена поради недостиг на волја, одговорност и подготвеност да се направи компромис во интерес на државата – заклучува Вајгл.

 
 
08.04.2016 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега