Приведен газда на угостителски објект - затекнати 11 женски лица меѓу кои 5 странски државјанки
Утрово во 03.50 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.М.(44) од Тетово.
При акциска контрола во периодот од 01.00 до 04.00 часот во неговиот угостителски објект на улица „Браќа Миладинови“, покрај автопатот Гостивар- Тетово, полициските службеници од СВР Тетово затекнале 11 женски лица на возраст од 20 до 53 години, од кои шест македонски државјанки и пет државјанки на Албанија, Косово и Србија, кои работеле во угостителскиот објект.
Странските државјанки биле приведени и здржани во полициска станица за понатамошна постапка поради злоупотреба на туристичкиот престој.
Во полициска станица бил задржан и Џ.М. и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава по член 212 од Законот за странци - „помагање на странец при незаконит престој“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа