ВМРО-ДПМНЕ упати честитка за Меѓународниот ден на Ромите
ВМРО-ДПМНЕ со честитка за Меѓународниот ден на Ромите.
Дозволете ми, во мое лично имеи од име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на ромската етничка заедница, да Ви го честитам 8 април - Меѓународниот ден на Ромите.
Годинешната прослава е 10-та и јубилејна прослава на празникот на ромската етничка заедница во Република Македонија. Десет години заеднички прославуваме и заеднички работиме за подобра иднина на Ромите и севкупно, за подобра иднина на граѓаните на Република Македонија. Зад нас стојат многу проекти за поголема вклученост на младите Роми во основното, средното и високото образование, подобрени услови за изучување на ромскиот јазик, многу проекти за нови училишта, бесплатни учебници, бесплатен превоз и голем број мотивирачки стипендии за младите. Зад нас стојат многу проекти за поддршка при вработувањето на Ромите, поддршка за почнување сопствен бизнис, поддршка за подигнување на свеста за грижа за сопственото здравје, за правата и можностите во делот на здравството, социјалната политика, правото, културата и уште многу други полиња од значење за луѓето. Заеднички реализиравме многу, но нè чека уште многу повеќе, уште многу работа и уште многу труд за да продолжиме да напредуваме, да продолжиме да остваруваме и да помогнеме на што е можно повеќе граѓани од Република Македонија.
Честитајќи ви го денешниот празник, дозволете ми да изразам надеж дека со заеднички напори и со цврста волја ќе продолжиме да работиме за доброто на нашиот народ, за доброто на нашата држава, за стабилна, просперитетна и напредна Република Македонија.
Ви посакувам добро празнично расположение, многу здравје, љубов, успех и благосостојба во Вашите семејства.
Нека Ви е честит 8 април - Меѓународниот ден на Ромите!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа