Пресек на пожари до 12:30 часот: Моментално беснеат шест

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до денеска, 15 јули 2025 година, до 12:30 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор. Од нив, шест се активни, а три се изгаснати.
Активни пожари:
-
Општина Дојран: Кај село Николич гори нискостеблеста шума.
-
Општина Чучер-Сандево: Пожар на нискостеблеста шума кај село Горњани.
-
Општина Велес: Мешана шума гори кај селата Џидимирци и Крушје.
-
Општина Македонски Брод: Помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина има пожар на деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
-
Општина Гази Баба: Кај село Раштак кон село Љуботен гори ѓубре.
-
Општина Сарај: Пожар на ѓубре кај село Крушопек кон село Лака.
Изгаснати пожари:
-
Општина Битола: Пожар на ѓубре во населбата Баир е изгаснат.
-
Општина Кичево: Изгаснат е пожар на дива депонија на улица Прилепска.
-
Општина Кратово: Пожарот на грмушки и ниска вегетација кај село Туралево е изгаснат.
ЦУК апелира до граѓаните да бидат максимално внимателни и да избегнуваат палење оган на отворено, особено во услови на високи температури.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа