Честитка од Демократскиот сојуз по повод Меѓународниот ден на Ромите
Демократски сојуз денеска на сите припадници на ромската заедница им го честита Меѓународниот ден на Ромите со желба за многу повеќе разбирање и можности за нив.
- Наша цврста определба е еднаквоста пред законот и недискриминацијата, како темелни вредности на Република Македонија. Сепак, Ромите немаат еднаков пристап до работните места, образованието, домувањето и здравствената заштита. Фактот дека ромските деца често немаат пристап до ист квалитет на образование како другите деца, го продолжува кругот на сиромаштија. Ромските деца заслужуваат еднакви можности за образование, како и нивните врсници, а ромските фамилии заслужуваат да живеат без страв за својата егзистенција и подеднакво со другите да се вклучат во развојот на демократијата и создавање на еднакви можности за сите,се вели во честитката.
Партијата истакнува дека е потребна стратегија со активности за социо-економската инклузија на Ромите со цел унапредување на интеграцијата на ромската заедница во општеството и еднаков третман.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа