Сопругот на Јелена си ја отвори душата: Тој знае кој е убиецот?

Зоран Марјановиќ, сопругот на ѕвезрски убиената пејачка на Гранд, Јелена Крсмановиќ, уверен е дека убиецот на неговата сопруга и мајката на неговото дете е манијак кој опсесивно бил заљубен во неа. 32-годишниот Зоран за српскиот Курир си ја отвара душата и раскажува дека според него таа била киднапирана, убиена на некое друго место, а не во каналот каде ја најдоа крвава, па потоа дури донесена и фрлена таму.

Вели дека првата лага објавена за него е дека доцна се јавил во полиција. Според неговите зборови, тој околу 17 часот по час ипол кога сфатил дека е исчезната, веднаш се јавил во полциија за да му ја пронајдат сопругата.

За тоа дека имал крв на рацете, Зоран вели дека не смее многу да зборува зошто истрагата е во тек, но вели дека не е виновен и не направил ништо, а полицијата и докажа дека тие повреди немаат никаква поврзаност со страотното убиство.

- Се сомневаат само во мене, а како жената која чува овци, жената на точак и сите на местото на настанот ништо не виделе?, вели тој.

Марјановиќ вели дека неговата сопруга била жена за пример, секогаш посветена и  негов најголем пријател.

- Не е точно дека сме се карале на насипот пред убиството, откако нејзината мајка за жал се разболе и дознавме за тешката болест, поблиски сме од било кога. Се трудев да ја разберам да и се посветам...Поминуваше низ пекол...Правата вистина е дека имавме брак за пример, додава Зоран.

Според него, Јелена ја убил некој манијак од Фејсбук кој бил опсесивен по неа.

 

 

 

 
 
11.04.2016 - 08:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега