Ужас на Детската Клиника во Белград: Примено бебенце со изгорени стапала

Вистински шок доживеале лекарите во Детската Клиника во Белград откако околу 21 часот синоќа едно бебе било примено со тешки изгореници на стапалата.

Како што пренесуваат српските медиуми, бебето е женско, родено минатата година, а на Клиника го донела мајката.

Лекарите веднаш повикале полиција кога виделе дека бебето се здобило со тешки повреди на засега неутврден начин.

Истрагата е во тек. Таа ќе покаже што му се случило на несреќното бебенце.

 
 
11.04.2016 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега