ФОТО: Бабичка-херој, го загуби својот живот спасувајќи ја својата внука

Деска Мишиќ (82) од село Кнежица која беше убиена во петкот вечерта додека ја штитела својата внука Милица од полудениот сосед Горан Илиќ (45) денеска е погребана.

deska-baba-heroj
Храбрата баба кога видела дека Горан истрелал куршум од ловечката пушка кон нејзината внука, застанала пред цевката и го примила куршумот наменет за Милица.
 
Милица која во нишката болница и натаму се бори за живот, не знае дека бабата и починала.
 
-Многу ми е жал за свекрвата, ја обожуваше Милица и животот за неа го даде. Штом нешто ќе посакаше, Деска трчаше во продавница да и донесе. Многу беа поврзани, не знам како Милица ќе поднесе тоа што бабата и е убиена.
 
Утрово се освести и прво праша за неа, но не и кажавме дека ја погребавме – раскажува Снежана Мишиќ, мајка на Милица.
snaa-sin-baba
 
Што го натера Горан да се обиде да ги убие своите соседи и натаму со сигурност не се знае. Се претпоставува дека мотив за овој незапаметен масакр е неговата несреќна љубов кон Милица.
-Тој во нашата куќа доаѓаше 30 години. Роднини сме и од мајчина и од таткова страна, и секако дека не смееше да има никаква љубовна врска со Милица. Една сосетка од карши пред неколку години ни спомна дека тој бил заинтересиран за Милица, но тоа го отфрливме како озборување. Нашата ќерка има момче со кое се забавува веќе 5 години и многу се сакаат, а со Горан немаше никаква врска, истакнува таткото Драгослав.
 
Горан Илиќ по нападот врз семејството Мишиќ изврши самоубиство и ќе биде погребан утре.
 
 
11.04.2016 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега