Извештај за развој на граѓанското општество во Македонија

 

Презентацијата на Извештајот за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Македонија 2015 денеска ќе се одржи во „Јавна соба“ во Скопје во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Извештајот ќе го презентира авторката, Симона Огненовска.

На настанот предвидено е да се направи осврт на политиките на Еврпската Унија за развојот на граѓанското општество од страна на Ирена Иванова, раководителка на програма за граѓанско општество во Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Тања Хафнер Адеми извршна директорка на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН), ќе сподели и регионални искуства од следењето на околината за развој на граѓанското општество.

 
 
12.04.2016 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега