Голем интерес во Росоман за владиниот проект за изградба на куќи за млади

 

Голем е интересот за владиниот проект за изградба на куќи за млади во Росоман. Градоначалникот Стојанче Лазов информира дека е определена локација за оваа намена, која интензивно се урбанизира и се гради.

- Се работи за површина од околу 7 хектари, на местото каде што некогаш  беа поранешните простории на претпријатието “Душан Ќириќ”. Со урбанизацијата, се создаваат услови за добивање на над 100 плацови за изградба на станбени објекти за индивидуално домување. Во постапка е и изработката на план на Росоман, а можам слободно да кажам дека младите доаѓаат во Општината и се интересираат за поволностите со кои можат да дојдат до сопствени домови, изјави Лазов.

Тој нагласи дека општината ќе стори се што е потребно да излезе во пресрет на сите заинтересирани, кои на ваков начин сакаат да го решат своето станбено прашање.

- Инфраструктурата ќе биде изградена со помош на Владата на Република Македонија, но и локалната самоуправа ќе учествува со дел од потребните средства. Плацовите ќе се продаваат по цена од едно евро за метар квадратен, а типската населба ќе има плацови со површина од околу 300 и 400 квадратни метри, додава росоманскиот градоначалник.

Притоа информира дека во тој дел на Росоман се предвидуваат и комерцијални делови, се со цел семејствата кои ќе изградат таму куќи, да имаат во близина и комерцијални објекти,  како на пример маркети и слично

 
 
12.04.2016 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега