ВМРО-ДПМНЕ: СДС е во криза, немаат кандидат за Скопје – Филипче ќе мора сам да се кандидира

 


„Венко Филипче јавно призна дека СДС нема кандидат за градоначалник на Скопје. СДС е во сериозна криза, а Филипче се соочува со сериозни проблеми во обидот да најде кандидат за градоначалник на Скопје. Филипче бледо се обидува да прикрие дека се уште нема кандидат за Скопје, па калкулира со имиња како архитектот Ралев и поранешната министерска Каја Шукова“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно е дека никој не сака да прифати да биде кандидат на СДС за Скопје во трка која е однапред изгубена.

Го прашуваме архитектот Ралев дали прифатил да биде губитнички кандидат или се уште чека Филипче да процени дали е доволно добар?

Доколку некој од СДС воопшто прифатил кандидатура за градоначалник на Скопје, колку да учествува во изборите, тоа единствено би можело да бидат некои од кадрите лојални на Заев и Филипче кои немаат таков луксуз да одбијат.

Кој и да биде кандидат за градоначалник од СДС за Скопје знае дека ќе послужи како жртвено јагне за уште еден изборен дебакл на СДС. И СДС и Филипче знаат за неминовниот пораз што ги чека. Поддршката според анкетите за кандидатот за градоначалник за Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски е огромна и победата е извесна уште во првиот круг.

Ако нема кој да прифати да биде кандидат за градоначалник за Скопје од СДС ќе мора Венко Филипче лично да се кандидира“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Очигледно е дека никој не сака да прифати да биде кандидат на СДС за Скопје во трка која е однапред изгубена.

Го прашуваме архитектот Ралев дали прифатил да биде губитнички кандидат или се уште чека Филипче да процени дали е доволно добар?

Доколку некој од СДС воопшто прифатил кандидатура за градоначалник на Скопје, колку да учествува во изборите, тоа единствено би можело да бидат некои од кадрите лојални на Заев и Филипче кои немаат таков луксуз да одбијат.

Кој и да биде кандидат за градоначалник од СДС за Скопје знае дека ќе послужи како жртвено јагне за уште еден изборен дебакл на СДС. И СДС и Филипче знаат за неминовниот пораз што ги чека. Поддршката според анкетите за кандидатот за градоначалник за Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски е огромна и победата е извесна уште во првиот круг.

Ако нема кој да прифати да биде кандидат за градоначалник за Скопје од СДС ќе мора Венко Филипче лично да се кандидира“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

17.07.2025 - 09:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега