Четири години од крвавиот Велики Четврток кај Смилковското Езеро
Денеска се навршуваат четири години од петкратното убиство кај Смиковското Езеро кое се случи на Велики Четврток. Семејствата на загинатите Кире, Филип, Александар, Цветанчо и Борче денеска ќе ја одбележат четригодишнината од губитокот на своите најсакани и најмили.
За потсетување, На 12. април 2012. година кај Смилковското езеро беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Накевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и четириесет и петгодишниот Борче Стевковски од селото Црешево.
Скопскиот кривичен суд осуди шест доживотни казни за кривично дело тероризам за обвинетите во случајот „Монструм“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа