Хорор за 11 месечно бебе - кога било однесено во болница цели стапала му биле крвави

 

За И.М. (25) вчера е одредено полициско задржување поради сомнеж дека на својата единаесет месечна ќерка З.М и ги потопила стапалата во врела вода со што малото бебенце се здобило со тешки изгореници на нозете.

„Детето го донесе мајката. Тие се веднаш примени во Брза помош, каде и се констатирани изгореници од трет степен, велат од болницата во Белград“

Тој наведува дека бебето било со крвави чорапи но и дека мајката била со нервно растројство.

Таа изјавила дека бебето имало изгореници уште од рано изутрината, но дека го чекала својот сопруг да се врати од работа па да го донесат во болница. Не сакаше да зборува за тоа како настанале тие повреди, но се претпоставува дека станува а збор  за изгореници од врела вода. Тие рани биле премногу длабоки укажувале на сериозни повреди на што укажуваат дека стапалата на бебето сигурно се потопени во жешка течност.

Докторите веднаш пријавиле во полиција и Центарот на Социјалните работи. Па тогаш е утврдено дека на И.М. и се одземени и другите две деца поради запоставување.

За судбината на повреденото единаесет месечно бебе ќе одлучува Центарот за Социјални работи. Сепак судејќи по моменталната ситуација и информациите кои за сега се познати, таа нема да биде вратена на својата мајка.

 

 

 
 
13.04.2016 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега