Колешката открива: Ова е вистината за пораките и за бракот на Јелена
Пејачката Нада Топчагиќ која многу ја потресе смртта за Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, рекла дека во полцијата изјавила дека не ги видела СМС пораките кои ги добивала пејачката.
- Раката можам да ја ставам во оган дека тоа е чесно семејство и никаква љубомора не постоеше. Никогаш Зоран не и повишил глас, ниту таа на него. таа никогаш не беше љубоморна. Едноставно не беше таква девојка, а Зоран беше горд на неа. Мислеше дека е најубава и најдобро пее. Дека Зоран бил љубоморен и дека не ја пуштал да оди во теретана сама тоа не е точно, рекла пејачката за односот меѓу Зоран и Јелена.
- Не бев со неа по цели ноќи и денови, но би ми кажала нешто, ќе ја видев расплакана, Никој и немаше повишено тон на неа од семејството Марјановиќ., рекла Нада.
Пејачката вели дека се уште е во шок од веста и стравува за нејзината безбедност
- Не можам да одам никаде, само до продавница да земам весници и назад, не можам да верувам што се случува, ова е шок, рекла пејачката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа