Димитрис Вицас: Пиреја ќе биде расчистена до Велигден

Пристаништето во Пиреја ќе биде расчистено од бегалци до Велигден, изјави денеска грчкиот заменик-министер за одбрана Димитрис Вицас.

При гостување на телевизијата „Антена 1“, Вицас рече дека постапката за разместување на бегалците и мигрантите „е на добар пат“ и оти друг приоритет на Владата е да се расчистат објектите во Еленико.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, тој се осврна и на организациите кои се обидуваат да ја искористат ситуацијата под изговор дека ги заштитуваат бегалците и мигрантите, но сепак ја истакна и важноста на работата на сериозните невладини организации кои обезбедуваат вистинска помош.

 
 
14.04.2016 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега