Пријател на убиената Јелена: Тој беше опседнат со неа, ја демнеше постојано...

Според зборовите на пријател на српската пејачка на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, многу нешта излегуваат на виделина. Иако сеуште нема никакви траги и докази за убиецот, сепак семејството е осомничено со оглед на тоа дека паднало на полиграф, а и тврдењата на блиските луѓе кажуваат дека сопругот, свекрвата и свекорот на Јелена се чудни.

Близок пријател на Јелена за српскиот Курир тврди дека сопругот на пејачката ја прател на секој чекор. Таа имала ограничено движење со него.

- Со него имаше ограничено движење, се жалеше дека никаде не смее да оди сама. Одеше со неа на сите снимања и настапи. Јелена тоа го прифати бидејќи од негова страна немаше друг избор. Се помири со тоа, вели пријателот кој сака да остане анонимен за Курир.рс.

Вели дека во очите на Јелена можело да се види дека му се плаши. Никогаш не му се спротивставувала и се трудела да му оди по замислениот план. Во спротивно тој бил нервозен, љубоморен, посесивен и ја навредувал без причина.

Не се исклучува можноста токму поради ова тој да ја уби Јелена.

 
 
18.04.2016 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега