Сопругот и децата на Јелена ја напуштиле семејната куќа, од убиецот ни трага ни глас

Како што пренесуваат медиумите сите членови од семејство Марјановиќ околу 12 часот ја напуштиле семејната куќа.

Зоран Марјановиќ, сопругот на брутално убиената Јелена Марјановиќ и неговиот син Урош, ќерката Јана и таткото Владимир заедно заминале од семејната куќа.

Не е познато дали трајно го напуштиле семејниот дом и дали можеби на извесен период се иселил поради силниот медиумски притисок кој со денови се врши врз нив.

Како што претходно изјавила Нада Топчагиќ целата трагедија најсилно се одразува на малата Јана која постојано е во паника и се плаши и тој „мистериозно да не исчезне“ како мајка и.

-Вистина е дека детето е под постојан страв. Јана не се дели од татко и. Постојано е со него и буквално само со него и комуницира, одбива да се раздели од него ни на минута. Не сака да оди никаде и единствено со него зборува – кажала Нада.

 
 
18.04.2016 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега