Скандалозната Венди тврди: И оваа српска пејачка ќе заврши како Јелена!

 

Весна Вукелиќ Венди, контроверзната српска пејачка која е позната како жена без влакна на јазикот, се огласи за убиството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ. Таа неодамна изјави дека семејството на Јелена било чудно, дека нејзината свекрва и работата која ја врши биле морбидни и дека е повеќе од убедена дека пејачката ја убиле секташи.

Овој пат Венди која секогаш е во центарот на вниманието на некој скандал тврди дека стравува за животот на својата колешка Гоца Тржан. 

Во едно гостување Гоца откри дека нејзиниот сопруг има астрални проекции:

Мојот Раша лета додека спие. Штом заспие, неговиот дух го напушта телото. Ми вели како тоа е неверојатно чувство, како да леташ. Може да отиде кај сака, дури и на друг континент. Кога духот ќе му се врати во телото, креветот се тресе како да има земјотрес, рече Гоца.

По ова тврдење се огласи Венди.

Можам само да кажам дека Гоца е храбра штом има му*а да заспие покрај човек кој е вештер. Ова е втор пример на астрална проекција кој е актуелен деновиве, бидејќи дознавме дека и сопругот на убиената пејачка Јелена Марјановиќ исто така има таква моќ. За жал првиот случај заврши трагично, затоа сметам дека Гоца треба сериозно да ја сфати работата. Денес модерно се вика астрална проекција, а порано се викало вештерство. Да сум на нејзино место не би спиела со Раша, оти не се знае што може да му дувне во главата или каква наредба од нечестивиот може да добие. Тие се препознаваат по тоа што не носат крст, бидејќи со осветен крст им се губат моќите, вели Венди.

 
 
21.04.2016 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега