Твининг проект за поддршка на осигурувањето

Понатамошно усогласување на националното законодавство со законодавството на  ЕУ во областа на осигурувањето, како и зајакнување на административните и оперативни капацитети на земјата во процесот на исполнување на ЕУ стандардите во овие сфери е целта на ЕУ Твининг проектот „Понатамошна хармонизација со ЕУ во поле на осигурување и зголемување на пазарни операции” што денеска ќе биде промовиран во Скопје.

Твининг проектот ќе биде спроведен од Меѓународната Иберо-Американската Фондација за Администрација и Јавни Политики (ФИИАПП) во соработка со Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурувањето. 

Проектот е финансиран од Европската унија преку „Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Вкупниот буџет изнесува 700.000,00 евра и се спроведува од 5 март во времетраење од 18 месеци. 

 
 
22.04.2016 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега