ФОТО: Некои брутално убиени, некои несреќно настрадани - најголемите трагедии на сцената

 
Бруталното убиство на Јелена Крсмановиќ е последно во низата трагедии од балаканската естрада кои се случија во последниве години. Првата трагедија од музичката сцена се случила пред точно четири децении, кога во сообраќајна несреќа загинала „кралицата на фолк-музиката“, Силвана Арменулиќ, aнализира српскиот „Курир“.
 
Оттогаш, па до денес страста, љубомората, зависта и лошата судбина направиле многу познати личности да се најдат на страниците од црната хроника, некои свирепо убиени, а некој несреќно настрадани.
 
Силвана Арменулиќ
 
Жителите на поренешна Југославија биле во неверојатен шок поради трагедијата што тогаш ја раздрмала тогашната музичка сцена. Пејачката Силвана Арменулиќ трагично настрадала во октомври 1976 година, во сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш. Заедно со неа загинале и нејзината сестра Мирјана Бахрактаревиќ и Раде Јашевиќ- шеф на народниот оркестар од Радио-телевизија Белград, кој ја возел колата.
 
Дражен Ричл Зијо 
Кон крајот на летото во 1986 година, во сообраќајна несреќа на тлото на Херцеговина, прерано згаснале животите на две млади сараевски ѕвезди, Дражен Ричл Зијо – пејачот од групата „Црвена јабука“ и Аљоша Буха, басистот од оваа група. Несреќата се случила додека патувале накај Мостар, каде требало да одржат концерт. Дражен изгубил контрола над воланот по лизгавиот асфалт. Буха, по тешките телесни повреди бил префрлен во Белград на лекување, но починал две недели подоцна на дваесет и четиригодишна возраст. Дражен, пак, со групата „Црвена јабука“ снимил само еден албум и спотови за трите песни „Са твоих усана“, „Дирлија“ и „Нек те он љуби“.
 
Тоше Проески
Тоше загина на дваесет и седумгодишна возраст, во сообраќајка несреќа на автопатот Загреб-Липовац, кај Нова Градишка. Овој несреќен случај ја потресе целата балканска јавност, неговите обожаватели, колегите од естрадата, па дури и оние што не беа обожаватели на неговата музика бидејки Тоше важеше за најголемата поп-ѕвезда на овие простори, а неговите хитови и многу години по неговата смрт се на врвот од музичните топ листи. Проески беше погребан во неговото родно место – Крушево, со највисока државна почест. По смртта, прогласен е за почесен граѓанин на Република Македонија, а во Крушево е подигнат споменик во негова чест.
 
Љубиша Стојановиќ Луис
 
Пејачот со необичен глас и оригинален начин на изведба загина 2011 година во сообраќајна несреќа, на педесет и деветгодишна возраст. Ненадејно се судриле со автомобил „форд“ со унгарски табички и загинале на лице место. Познатиот пејач се занимавал со музика уште од 1970 година, а прекарот Луис го добил на девет години бидејќи пеел песни од Луис Армстронг. Бил меѓу првите изведувачи кои ја комбинирале фолк-музиката со џез елементи.
 
Ксенија Пајчин
 
Ксенија настрада во 2010 година кога нејзиното тогашно момче, црногорскиот манекен Филип Каписода, ја убил во нејзиниот стан. По жестока кавга, Ксенија облекла јакна и сакала да излезе надвор. Филип ја стигнал кога сакала да излезе од станот и пукал во неа со пиштол. Ја усмртил со неколку куршуми во главата, а потоа се самоубил. Младиот манекен бил целосно опседнат со Ксенија, ја прател на сите настапи и поради неа го напуштил родниот град и се преселил во Белград.
 
Небојша Савељиќ
Познатиот член на групата „Монтенегриси“ загинал на дваесет и осум години во несреќа на патот Подгорица-Цетиње во 1999 година, заедно со неговата девојка Тања и со пријателот Аца. По неговата смрт бендот се распаднал.
 
 
 
22.04.2016 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега