Тур оператори од Казакстан заинтересирани за Македонија

Тур-оператори од Казакстан се заинтересирани за Македонија и има можност за развивање на интензивна соработка во следниот период.

Ова, како што информира Стопанската комора на Македонија, е исходот од промоцијата на Македонија како атрактивна туристичка дестинација на Меѓународниот саем за туризам што се одржа во Алмати, а на кој учествуваа македонски компании од секторот туризам и угостителство.

Туристичките потенцијали со кои располага Македонија биле презентирани пред повеќе од 40 туроператори од Казакстан, а со помош на македонската Амбасада, се организирани и деловни средби со заинтересираните партнери од Алмати и Астана.

Презентацијата се одржа под покровителство на Амбасадата на Република Македонија во Казахстан, а во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и „Туркиш Ерлајнс“.

На саемската манифестација од страна на Стопанската комора на Македонија учествувале Славе Сирачевски, заменик-претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и сопственик на туристичката агенција „Аурора“, како и Асим Меџедовиќ, член на Здружението при Комората и сопственик на агенцијата „Фибула“. 

 
 
22.04.2016 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега