Во Бугарија кој не гласа, ќе биде избришан од гласачкиот список
Парламентот ги усвои новите мерки, па од сега оние кои нема да гласаат ќе бидат избришани од избирачките списоци, а доколку се премислат ќе мораат повторно да се впишуваат во избирачкиот список за да гласаат на следните избори.
Бугарија денеска за своите граѓани воведе обврска да гласаат на изборите, пренесува Танјуг.
Според новите мерки кои се одобрени во Парламентот оние кои нема да гласаат ќе бидат избришани од избирачките списоци, а доколку се премислат ќе мораат повторно да се впишуваат во избирачкиот список за да гласаат на следните избори.
Пратениците не го прифатија предлогот со кој се предвидуваше оние кои нема да гласаат да бидат парично казнети или да им биде скусена социјалната помош.
Аналитичарот од Галуп, Андреј Рајчев смета дека немањето казни за неизлегување на избирачките места претставува „глупав компромис”.
На последните парламентарни избори во 2014 година гласале 48, 4 отсто од бирачите, што е најнизок одѕив од крајот на комунизмот во оваа југоисточна европска земја. Експертите очекуваат дека голем фактор за тоа има општата разочараност во корумпираната политичка елита која успеала да го зголеми само својот животен стандард, пренесува Танјуг.
Усвоените промени во Бугарија ќе стапат во сила за претседателските избори во октомври.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа