Мукаетов останува на чело на РФМ

Живко Мукаетов и натаму ќе биде претседател на Ракометната федерација на Македонија, откако сите делегатите на денешното собрание, а по предлог на членот на РК Пролет Ѓоко Огњановски, ја избришаа точката за оставка на првиот човек на федерацијата.

- Пред мене има список на сите клубови со потписи и печати кои му даваат безрезервна поддршка на актуелниот претседател, затоа мој предлог е точката број 9 од дневниот ред да се избрише, изјави Огњановски.
 
За дадената безрезервна поддршка се заблагодари претседателот на РФМ Живко Мукаетов.
 
- Оставката ја поднесов од принципиелни причини, ама гледам дека немам многу избор. Пред нас е многу работа, сите заедно треба да го кренеме квалитетот на ракометот во Македонија. Вашата поддршка многу ми значи и ќе останам до крајот на мандатот.
Мукаетов има мандат до март 2017 година да биде на чело на РФМ.
 
 
23.04.2016 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега