Уапсен дилер од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А. (28) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

При претрес извршен во два стана во Охрид што ги користел Г.А, пронајдени и одземени се 80 семки од растението „канабис сатива“. Откако набавил одредена количина опојна дрога марихуана, Г.А. во својот дом ја препаковал во помали количини со цел понатамошна препродажба на наркозависници од Охрид, а дел оставил за лична употреба. На 09.11.2015 година во Охрид, полициски службеници го сопреле неговото возило ,,Ауди“ и при преглед во преграда во предната врата пронашле хартиена паковка со марихуана наменета за натамошна продажба.

 
 
24.04.2016 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега