Како на филм: Експлозии и пукање - 30 специјалци спречија кражба
Филмска акција и апсење се одвиваше вчера во Борча, околу 22 часот. Според податоците од српските медиуми, на улицата Братство единство во Борча, три момчиња се обиделе да украдат џип кој бил паркиран.
- Три момчиња се обидоа да ја отворат вратата од џипот, а тогаш пред нив излегоа 30-на специјалци и уште десетина полицциски службеници. Ги уапсија веднаш, но сцената беше како на филм, вели сведок за српскиот Ало.
На апсењето му претходеле две експлозии. Се претпоставува дека се случиле за да им се одвлече вниманието на крадците.
25.04.2016 - 08:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа