Бегалците од Идомени бараат нови патишта по балканската рута
Бегалците од бегалскиот камп во Идомени бараат нови патишта за да го продолжат патот кон Централна или Северна Европа поради затворењето на границата меѓу Грција и Македонија, соопшти Њуз.ин.
Како што пренесува БТА, некои од бегалците успеале да ја преминат границата, не не стигнале многу далеку од кампот.
Според очевидците, група од 70 бегалци во саботата ја преминале границата од Грција кон Македонија, преку местата кои не биле заградени, оддалечени 20 километри од кампот Идомени. Наводно, и други бегалци од Идомени смислуваат план како да ја минат границата, за да го продолжат својат пат кон посакуваните дестинации во Европа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа