Убиството на Јелена е порачано: Станува збор за блиските од семејството
Полицијата според трагите од убиецот на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, се сомневаат дека злосторството е сторено од страна на професионалец, кој со месеци ја прател и на кој му е јавено кога жртвата ќе го помине насипот.
Постојат големи индиции дека убиството на Јелена од Борча е порачано. Се сомневаат дека станува збор за ликвидација кој ја барал некој близок од семејството, и дека убиецот е професионалец, пишува српски Курир.
Нивниот соговорник твдри дека до овој заклучок дошоло поради информациите и доказите од досегашната истрага.
-Полицијата веќе 3 недели работи деноноќно на овој случај. Сослушани се повеќе од десетина луѓе, а поседбно е обрнато внимание на членовите на нејзиното семејство. Меѓутоа, секогаш ни недостита тој доказ за нашите сомнежи да бидат потврдени, вели изворот од истрагата и додава:
- И понатаму веруваме дека во овој злочин учествувал некој нејзин близок. Навистина убиството може да е порачано, но извршено од професионалец, затоа и немаме конкретни докази.
Изворот на српски Курир ја потврдила работата дека злочинот бил долго и внималтено подготвуван.
- Припремањето траело најмалку два часа. Убиецот и организаторите ги познавале навиките и насоките на движење, па затоа и можеле да состават план кој на полицијата би и ја отежнувал истрагата и би ги наведувал на погрешни траги.
Затоа можно е организаторите да ја наведат Јелена да дојде до местото на планираниот напад, или убецот знаел за нејзиното секојдневно движење и ја пречекал кога најмалку се надевала.
Насипот кај Борча бил едно од местата кои Јелена често ги посетувала. Убиецот најверојатно ја прател и јавено му е кога да тргне во напад.
Полицијата во последните 24 часа добила уште неколку важни информации врзани за убиството на пејачката, па обрачот околу злочинот се повеќе се стега.
- Се повеќе ни звонат мештаните. Овој злочин предизвика огромно медиумско внимание, вистина е дека има несериозни и непроверени информации, но има и од оние кои можат да послужат за докази во истрагата, тврди соговорник за српски Курир.
Сомнителни велосипедисти
Две нови информации од мештаните можат да бидат корисни во истрагата. Една е дека два велосипедисти на 2ри април возеле во близина на насипот во непосредна близина од Јелена, која трчала, а другата е дека Јелена и нејзиниот сопруг се расправале пред таа да почне да трча.
- Јелена почната да трча од рампата и набрзо по нејзе тргнале и два велосипедисти кои по пријавата инспекторите ги бараат. Другата информација протече од уште еден мештанин на Црвенка кој живее во близина на насипот.
Тој наводно неодамна ја видел Јелена во кола со нејзиниот сопруг Зоран како се расправаат. Обратил внимание на нив бидејќи ги познава, но кога слушнал бучава, не им се доближил и тоа го пријавил во полија, вели изворот за српски Курир.
Полицијата во изминатите неколку денови детално ја пребарала куќите во околината на насипот.
Нема двор и куќа во која не влегле. Се распрашувале за сите детали врзани за кобниот 2ри април. Земале сомнителни работи, голем број на луѓе биле на испитување и на полиграф, а полицијата и понатаму трага по предметот со кој е извршено убиството на Јелена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа