ВИДЕО: Савески фатен од камерите пред канцеларијата на Претседателот Иванов

Здравко Савески, лицето за кое медиумите под контрола на СДСМ и СОРОС утрово објавија дека е еден од повиканите во полиција за нередите од протестите на СДСМ и СОРОС снимен од камерите пред канцеларијата на Претседателот Иванов на Рекорд.
На видеото може да се види како Савески пали фотографии од Претседателот но и како фрла камења кон канцеларијата.

Press24 утрово објави дека вкупно 4 лица се повикани на разговор во полициска станица во врска со инцидентите на протестите организирани од СДСМ и СОРОС. Како што дознава Press24 од официјални полициски извори, за настанот од 13.04.2016 поради оштетување на канцеларијата на Претседателот и Министерството за правда. Според информациите станува збор за лицата З.С. (40) и В.К. (39). По разговорот со нив ќе биде поднесено Известување до Основното јавно обвинителство како дополнување на кривичната пријава.

Утврден идентитетот и на уште две лица од протестите на 16.04.2016 како ја оштетувале Порта Македонија. Станува збор за лицата А.Г (22) и С.С.К. (31).
Доставена е информацијата до СВР Скопје, од нивна страна е извршена консултација со Обвинител, а по утврдување на изворот на фотографиите ќе се преземат мерки за поднесување соодветен поднесок до ОЈО.
Утрово медиумите под контрола на СОРОС и СДСМ објавија информација дека за дел од лицата е побарана мерка притвор. Од Кривичниот суд за Press24 велат дека до овој момент, до нив не е пристигнато ниту едно барање за притвор ниту пак било кое од лицата е доведено на распит пред Судија на претходна постапка

 
 
25.04.2016 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега