Ќеркичката на убиената Јелена ќе ви го скрши срцето
Ја донесов мојата внука да си игра со Јана, ќеркичката на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, а детето зборуваше дека има најубава мајка на светот и дека ја чека да си дојде дома секој ден.
Пејачката Нада Топчагиќ со скршено срце зборува за ќеркичката на убиената ѕвезда на Гранд, која неа и беше блиска пријателка.
- Ја однесов мојата внука да си играат малку, детето да заборави на се. Мојата Марија и малата Јана се другарки. Бевме таму речиси 4 часа и можам да ви кажам, тоа семејство и таа куќа веќе не се исти, вели пејачката за семејството Марјановиќ.
Нада речиси секој ден доаѓа кај семејството кое чека да биде уапсен убиецот.
- Малата Јана зема една фотографија од мајка си, ја прегрнуваше и бакнуваше, велеше Тета Нада имам најубава мајка на светот. Сега не е тука, но брзо ќе си дојде!, вели пејачката и додава дека и доаѓаат солзи во очите кога го гледа малото девојче како пати по мајка си.
Пејачката беше убиена на 2 април годинава, а по убиецот сеуште се трага.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа