Убиство среде центарот на Чачак - седнал ранет на клупа и таму го испуштил последниот здив
Никој не се пожали дека е ранет, никој не заплаче. Александар по тепачката седеше неколку минути на клупата и одеднаш падна, вака раскажа еден од пријателите на Александар Јакимовиќ раскажа за убиството кое се слчило во Чачак откако избила тепачка меѓу две навиначки групи. Момчето со нож било погодено во срце.
Додека од навивачката група Црвена ѕвезда му помагале на друго повредено момче, Александар со молчење отишол на клупата веројатно несвесен за тежината на повредата која ја здобил, седнал и по некоја минута паднал на земја. Кога другарите виделе дека и Александар лежи пред клупата, повикана била Итаната помош, но во чачанската болница констатирале само смрт.
Во саботата извршена е обдукција на телото на настраданото момче и потврдено е дека смртта настанала како последица од директен убод во срцето.
Полицијата трага по напаѓачите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа