Се сруши таван во основно училиште

 

Избегната е голема трагедија откако утрово паднал дел од таван во училница во основото училиште „Хасан Кикиќ“ во местото Тетово, во близина на Зеница, Босна и Херцеговина.

За среќа, немало ученици во училницата бидејќи тие се на пролетен распуст кој е во тек, пишуваат медиумите во таа земја.

– Ова утринава се случило во едно основно училиште и е опoмена за сите нас вакво нешто да не се случи во ниту едно училиште во БиХ. Ако има закана за вакви или слични работи, веднаш реагирајте кај директорот во училиштето додека не биде доцна – напишал на својот профил на Фејсбук Селведин Шатровиќ, претседател на Синдикатот на образованието на БиХ.

 
 
25.04.2016 - 17:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега