Тајните и маките кои Јелена ги понела во гроб: Ова се сите трагедии од нејзиниот живот

Првиот страшен удар на судбината го доживеала кога нејзиниот татко починал, човекот поради кој таа започнала да се занимава со музика. 

Смртта на нејзиниот татко страшно ја погодила па таа тогаш се повлекла од сцената скоро десет години. По таа несреќа следувале уште многу други.

Оваа млада жена немала прилика да ги покаже своите таленти, бидејќи на брутален начин била убиена кај насипот во Борча. Цела Србија била шокирана кога безживотното тело на Јелена било пронајдено во каналот, а потрагата за убиецот сеуште е во тек.

Јелена е родена 1983. Во Белград, како девојче покажала голем интерес за музиката. Нејзините најблиски тврдат дека таа многу често пеела, а јавноста ја запознала кога имала 13 години. Јелена тогаш настапила на музчки натпревар „Zvezde Granda“, како најмлада учесничка.

Својот прв албум го издала 2002 година и тоа било почеток на нејзината кариера. 

Прво починал нејзиниот татко за кого била многу врзана. Тој и бил клучна поддршка во кариерата и во приватниот живот. Кога Јелена 10 години правела пауза од својот музички живот таа повторно се вратила бидејќи тоа би го правело нејиниот татко среќен.

- „Сега кога се вратив на сцената, чуствувам дека и мојот татко е среќен“, изјавила тогаш Јелена.

Година дена по смртта на нејзиниот татко, таа го изгубила и својот чичко.

Се омажила 2010 година за композиторот Зоран Марјановиќ, со кого и добила ќеркичка. Нејзиниот сопруг од претходниот брак веќе имал син, но сепак нивниот брак делувал како да е од бајките.

Пејачката потоа ја мачеле и други маки, кога дознала дека нејзината мајка боледува од тумор, таа ја превземала целосната грижа за нејзе.

Тогаш Јелена започнала да настапува на хуманитарни концерти за болните деца. Таа само еднаш по смртта на својот чичко разговарала со својата тетка:

- „Минатата година, поради погребот на мојот маж, зборувавме во автомобилот. На мојот коментар дека сум следна, Јелена ми одговори не си ти јас сум“, раскажа тетката на Јелена. Дали тие зборови биле последица од животните околности во кои се нашла останува голема тајна која Јелена ја понесе со себе во гроб.

Блиска пријателка на Јелена и колешка Нада Топчагиќ твдри дека покојната пејачка последните денови била многу загрижена околу дуетската песна која требале да ја снимат, баш како да ја чуствувала својата смрт.

-„Се сеќавам дека то три наутро седевме во студиото додека својата ќерка ја држеше во прегратки. Таа како да чуствувала дека ќе умре. Ме бараше неколку дена пред да умре за да побрзаме со премиерата. Упорно инсистираше на тоа, а инаку не била таква да запне за нешто“, раскажала Нада.

Сепак најтешките зборови за судбината на Јелена ги изговори малата Јана, ќерката на пејачката. Со денови по нејзината смрт, девојчето повторувало само едно: „Вратите ја мојата мајка, сакам да си играм со неа“.

Да потсетиме, за убиецот на Јелена сеуште се трага. Последната вест е дека полицијата е на добар пат за да открие кој е и зошто на брутален начин го окончал животот на Јелена Марјановиќ

 

 
 
26.04.2016 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега