Истрагата на убиството со нови детали: Јелена само 4 часа била во вода а другите....

 

Блискиот извор на српски Курир во врска со истрагата укажува дека лешот на несреќната пејачка, отпосле е фрлен во каналот во Црвенка.

Оперативците на белградската полиција сеуште неможат со сигурност да потврат каде точно е убиена Јелена, но се помалку се верува дека злочинот се случил кај насипот во Црвенка, каде таа трчала.

Да потсетиме, Јелена исчезна во саботата на втори околу 15 часот, а убиена е помеѓу 16:30 и 17:00 часот. Нејзиното тело е пронајено утре дента околу 12 часот во каналот кај насипот.

„Телото не беше во состојба во кое треба да се наоѓа ако 20 часа било во вода. Кога ќе се склопат коцките, можно е полициското куче да го прател мирисот на Јелена од насипот, преку нивата до главниот пат“, говори соговорникот за српски Курир од истрагата.

Како и порано што пишуваа, полициското куче го пронашло телото на убиената пејача во каналот, а потоа побрзало накај нивата и застанало кај каналот кој поминува низ населбата Црвенка.

“Можно е напаѓачот прво да ја намамил, па со помош на соучесник да ја пренел до автомобил кој ги чекал на главен пат. Таа е по еден час убиена, а утредента е фрлена во каналот“, вели извор на српски Курир.

Оперативците не веруваат дека убиецот на Јелена ја влечел преку нивата бидејќи тоа би оставило траги.

„Најверојатно ја придржувале бидејќи напите кучиња ги следат трагите само кои се наоѓаат на земја“, наведува нивниот соговорник.

 

 
 
27.04.2016 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега