Го испразнил банкоматот со нејзината картица - хорор за скопјанка
22-годишно момче од Скопје си заработи кривична за тешка кражба. Според податоците, се работи за 22-годишниот А.А. кој околу 19 часот и 30 минути на улицата „Новопректирана“ извршил тешка кражба врз жена од Скопје.
Тој од зад грб ја турнал и и ја одзел чантата во која имало мобилен телефон, 400 денари, паричник со лични документи и дебитна картичка од АД Комерцијална банка на име на нејзината ќерка.
По ова насилникот ја зел платежната картичка, на која бил залепен пин кодот, и од банкомат успеал да подигне 14.000 денари.
27.04.2016 - 14:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа